Станарите повторно ги напуштија своите домови во Сиднеј, стравуваат дека облакодерот може да се урне

Станарите на новоизградениот станбен облакодер во западниот дел на Сиднеј добија наредба за евакуација по втор пат оваа недела, објави австралискиот јавен сервис ABC..

Властите во Нов Јужен Велс наредија „сеопфатна истрага” за пукнатините што се појавија на десеттиот кат спроти Божик според Грегоријанскиот календар. Тогаш е извршена првата евакуација.

Сите жители сега мораа да го напуштат објектот „од претпазливост”, објави компанијата „Ајкон”, која го изгради објектот. Облакодерот „Опал” е стар само четири месеци, објави ДПА.

Компанијата објави дека инженерите работат без прекин за да утврдат што се случило. Полицијата соопшти дека пукнатини во ширина од два милиметра се создале во бетонската плоча на десеттиот кат.

„Ајкон” инсистира на тоа дека зградата е „структурно здрава”, но предупреди дека жителите би можеле да ги поминат следните десет дена во хотелите.

„Ајкон” објави дека жителите ќе добијат надоместок бидејќи им е расипана бадниковата вечер, кога беа евакуирани 392 станови со 33 станбени подови. Утрото, на станарите им беше дозволено да се вратат.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top