Стапи во сила договорот за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Од денеска стапува во сила договорот за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија..

Договорот го потпишаа Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих. Македонските граѓани ќе можат да добијат германска возачка дозвола ако престојуваат во Германија повеќе од 180 дена. Министерот Спасовски рече дека од овој договор граѓаните ќе имаат и други придобивки.

Спасовски рече дека договорот важи за сите категории на возачки дозволи. Со овој договор, граѓаните кои веќе имаат македонски возачки дозволи, во Германија нема да имаат потреба да го повторат ниту теоретскиот дел, ниту практичниот ниту систематските прегледи кои се потребни за добивање на возачка дозвола. Вакви договори Македонија има и со Италија, Шпанија, Белгија, Унгарија, Австрија, Чешка и Романија а наскоро потпишување и со Косово.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top