Стапката на навработеност падна на 28,8 проценти, најниско ниво досега

Стапката на невработеност во Република Македонија, во вториот кваратал од годинава, изнесувала 28,8 проценти, објави Државниот завод за статистика..

Според објавените податоци, стапката на невработеност бележи пад во однос на вториот кваратал од минатата година за 2,4 проценти, кога била 31,4 отсто. На крајот на 2012 година стапката на невработеност во земјава изнесуваше 31, а во 2011 година 31,4 проценти.

Во вториот кваратал од 2013 година бројот на невработени изнесувал 273.860 лица.

Од вкупниот број, 61,5 проценти се мажи, а 38,5 отсто жени. Според возраста, најголемиот дел 62 проценти се од 25 до 49 години, а според образованието најбројни меѓу невработените се со четиригодишно средно образование 111.441 лица. Невработени со високо образование се 40.967 лица.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top