Starlink е сè поблиску до својата цел: Супербрз интернет од вселената до крајот на 2021

Илон Маск е се поблизу до целта од вселената да испрати брз интернет на Земјата..

SpaceX успешно лансираше уште 60 Starlink сателити, така што сега има повеќе од 700 во вселената. Маск рече дека ова е доволен број за јавна бета верзија на супербрзиот интернет.

„Откако овие сателити ќе ги достигнат посакуваните позиции, ќе можеме да лансираме јавна бета верзија во северниот дел на Соединетите Држави и, се надеваме на југот на Канада“, напиша Маск на социјалната мрежа Твитер.

Иако тој не кажа точно кога леталата ќе ги достигнат тие посакувани позиции, астрофизичарот Џонатан Мекдауел од Смитсонијан за порталот „Арс Техника“ изјави дека тоа може да се случи дури во февруари 2021 година

Многу ограничен бета-тест на супербрзиот интернет Starlink беше спроведен во Вашингтон во септември, но тој можеше да го користат само војската и службите за итни случаи.

Крајната цел на Starlink е околу 42.000 сателити да бидат над Земјата и тие да формираат брз широкопојасен интернет, испраќајќи го на оддалечени локации каде е тешко да се добие покриеност. Според нивната веб-страница, се очекува „скоро комплетно“ глобално покривање до крајот на следната година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top