Став и Апел на Епархискиот Управен Одбор на Австралиско-новозеландската Епархија за случувањата во МПЦО Свети Димитриј - Спрингвајл

Став и апел на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ)..

Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) на Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ), на својата вонредна седница, одржана на 22.01.2019 г., во Митрополијата при храмот Свети Пророк Илија во Футскрај, анализирајќи ги последните случувања во МПЦО Свети Димитриј Солунски во Спрингвајл, по опстојна дискусија го донесе следниот

С Т А В и  А П Е Л

МПЦО Свети Димитриј Солунски – Спрингвајл,  е составен и нераскинлив дел од Македонската Православна Црква,Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ), а храмот на Светиот Димитриј Солунски, со сите движни и недвижни имоти, се чуваат од  Македонската Православна Црква, согласно Уставот на МПЦ и Статутот на Епархијата за Австралија и Нов Зеланд, и истите не можат да бидат присвојувани од поединци, група на луѓе, компанија или институција.

Групата од едвај десетина луѓе кои лажно се претставуваат како управа, со катанци ја заклучуваат влезната капија од дворот на црквата за да го спречат богослужењето на Светите Богослужби и исповедувањето на нашата Света Православна ВераНивната активност ја оценуваме како безбожна, антицрковна и антимакедонска, а во служба на нечесните и темни духови на злобата – демоните и против Светото Православие и Македонската Православна Црква.

Од сигурни извори дознаваме дека нивната пропаганда е помогната и спонзорирана од нечесници, кои работат на разнебитување на Република Македонија, и растурање и докусурување на Македонскиот Православен народ, Македонската Православна Црква и се што е Македонско, како во татковината, така и во дијаспората.

Затоa, испраќаме апел до сите браќа и сестри православни МакедонциПокажете ја верата и љубовта кон Бога, и одбранете ја вашата матична црковна општина Свети Димитриј Солунски во Спрингвајл! Не дозволувајте да се повтори истото, како што дозволивте на празниците Богојавление и Св. Јован да не се положи крстот во водите и да се отслужат Божествени Литургии, и групата безбожници пред вашите очи, со само неколку синџири, да ви го затвори пристапот кон вашиот храм! Немојте лесно да се откажувате, и од немајкаде, да ги посетувате Српската, Руската или Грчката црква.Вие имате ваша црква, имате ваш парохиски свештеник поставен од ваш македонски Владика, затоа останете да бидете со вашата духовна мајка МПЦ!

На 19 јануари, на големиот светол празник Богојавление, безбожната група, водена од темните духови, си поигра со нашата Црква. Ја заклучија црковната капија и не дозволија да се благослови и освети водата, во која требаше да биде положен Светиот Крст. Божјата казна, за тоа безбожничко дело, доколку не се покајат и не престанат да го прават истото, порано или подоцна, ќе ги стигне сите злосторници. Неколку жени од групата, го употребуваат името на свештеникот Глигор Киселинов (против кого се води Црковно-судска постапка за тешки престапи), кој своите престапи јавно ги признал, па сакаат истиот да го вратат во храмот каде што поради направените гревови му е забрането да богослужи. Жално е што и тој започна, молчејќи, да ги одобрува нивните постапки за затворање на храмот. Тој продолжува да ја одбива помошта од Епархијата, претставувајќи се како човек со нарушено здравје, а од друга страна лицемерно ги манипулира луѓето, да го жалат и за него да собираат добротворен прилог, и покрај тоа што од неодамна си купил нова куќа, во која му пристигнуваат најмалку две редовни плати.

Епархискиот Управен Одбор на Австралиско-новозеландската Епархија, итно бара нечесниците да престанат со нечесните дејствија со кои нанесуваат духовна и материјална штета на МПЦО Свети Великомаченик Димитриј Солунски во Спрингвајл. За незаконските дела и причинетите материјални штети сосема е извесно дека ќе одговараат и пред граѓанските власти, за што ги охрабруваме и ги подржуваме одговорните епархиски и црковно-општински тела и органи да се застапат и со помош на законот да се спротистават на групата нечесници.

Поединците од групата која на незаконски начин се обидува да ја запоседне и окупира црквата, подобро нека се позанимаваат како, што поскоро, да си најдат простор каде што ќе си ги задоволуваат своите малограѓански потреби, што подалеку од Светиот Храм. Нека се позанимаваат и нека си ги решаваат своите лични проблеми, а Светата Црква на Светиот Димитриј Солунски да ја остават да живее и работи според Светите Канони и Црковните Закони.

Сите православни Македонци од Мелбурн и околината, верните чеда на Македонската Православна Црква и парохијаните на Црковната Општина, нека застанат на светата богослужба во Божјиот храм Свети Димитриј Солунски во Спрингвајл, чие застапништво, сите верни Господови чеда го имаме! Амин! 

Ова соопштение е преземено од Епархиската веб страница и ви го пренесуваме во целост.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top