Ставрески: Владините политики за странски инвестиции даваат резултати

Од јули 2006 година заклучно со јули годинава во Македонија се влезени вкупно милијарда и 800 милиони евра странски инвестиции, што е за цела милијарда евра повеќе отколку во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги креираше еконо.

Тоа го изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески  коментирајќи ги најновите податоци за странските инвестиции во Македонија во јули годинава во износ од 30 милиони евра и од почетокот на годинава од 130 милиони евра.

Според Ставрески, податоците за нивото на странските инвестиции во Македонија се само потврда  дека политиката за привлекување  странски инвстиции на Владата дава резултати.

- Задоволни сме што и  оваа година за седум месеци имаме над 130 милиони евра  странски инвестции, што  е повеќе отколку целата мината  година, но и кумулативно  бидејќи привлекувањето странски инвестции е процес и треба да го гледаме во временски период од четири-пет години.  За илустрација, од  јули 2006 година  заклучно со јули  годинава во Македонија се влезени вкупно милијарда и 800 милиони  евра странски инвестиции, што  е за цела милијарда повеќе отколку  во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги  креираше економските политики, рече Ставрески. 

Тоа, додаде, потврдува дека Владата е успешна  во реализација на предвидената цел, односно да донесе повеќе странски компании  и глобални имиња и брендови,  коишто ќе помогнат за зголемување на извозот, на економскиот раст  и вработеноста.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top