Стејт департментот со големи критики до власта во Македонија

Во извештајот на Стејт департментот на САД се наведува за „темната страна“ на нашата земја..

Тортурата врз затворениците, нарушување на приватноста, насилство врз новинарите, недостатокот на судска независност, корупцијата и насилството врз ЛГБТ групата се дел од најважните карактеристики на земјата во текот на изминатата година што се однесува до човековите права. Според извештајот, преземени се одредени чекори, но сè уште има проблеми.

Стејт департмент на САД:

Имаше неколку чекори за истраги, кривични гонења и за казнување на службени лица кои извршиле злоупотреби, вклучувајќи ги полициски службеници виновни за употреба на прекумерна сила, но имунитетот на некои лица продолжува да претставува голем проблем“.

Стејт департментот на САД го започнува извештајот критикувајќи ја остро земјата за нехуманите услови во затворите во земјата, особено во затворот Идризова, почнувајќи од нехигиенски услови, до голема корупција и насилство.

Затворите во земјата и центрите за притвор не успеаја да ги исполнат меѓународните стандарди и во некои случаи условите се нечовечки и деградирачки“, нотира Стејт департментот.

Во извештајот, со критични тонови, се спомнува крвавиот 27 април и сите сродни настани. Исто така, се опишува работата на СЈО, каде што бројни нерегуларности се истакнати во судството, како што е фактот дека во некои случаи судовите им дозволија на осомничени кои се на високи функции да се спасат од судски казни.

Како примери ги споменуваат случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Се споменува дека граѓаните се притворат без да им кажат кои се нивните права. Според извештајот, во медиумската сфера проблемот останува владиниот притисок врз медиумите, неказнетоста на сторителите на насилство врз новинарите и поделениот медиумски пазар по линија на политичките партии.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top