Стејт департментот: Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност

„Соединетите Држави им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името“, се наведува во соопштението на Стејт департментот..

„Оваа решение ќе биде од корист и за двете земји и ќе ја зајакне регионалната безбедност и просперитет. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во својата потрага по заемно прифатливо решение. Ние исто така ја поздравуваме посветеноста на посредникот на ОН, Метју Нимиц, во неговите цврсти напори за ставање крај на над дведеценискиот спор.

„Подготвени сме да го поддржиме овој договор како што бараа двете земји“, наведува Стејт департментот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top