Стевчо Јакимовски дрско го нападна и го навреди новинарот Горазд Чомовски

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски на Фејсбук вечерва вербално го нападна и го навреди новинарот Горазд Чомовски, откако беше објавен дел од интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ 24 ..

Ова предизвика бурни реакиции на социјалната мрежа и осуда на пишувањето на Јакимовски, а Здружението на новинарите побара од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР да спроведе  истрага потсетувајќи дека изречените закани се кривично дело.

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски за навредите и повиците за насилство кон новинарот на ТВ 24, Горазд Чомовски.Тој со погрдни зборови, какви што не доликуваат на еден политичар и поранешен градоначалник, го навредуваше Чомовски па дури и го прекори Мицкоски зошто не го потегнал за уши и да го извади надвор.

Истакнуваме дека е посебно опасно по безбедноста на новинарите да се упатуваат навреди и закани кон нив, без разлика дали заканите доаѓаат од страна на челници на големи или мали политички партии. Со ваквите повици за насилство може да се мотивира дел од партиското членство да посегне по безбедноста на новинарите, а тоа е недозволиво во едно демократско општество“, се вели во реакцијата на ЗНМ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top