Стево Пендаровски пријавил во полиција дека е следен од тајни служби

Пред неколку дена Пендаровски во интервју изјави дека откако било објавено дека е претседателски кандидат, го следи тајна разузнавачка служба која е поврзана со една голема опозициска партија..

Заедничкиот претседателски кандидат на владината коалиција, Стево Пендаровски, попладнево пријавил во полиција дека е следен и фотографиран од тајна служба, блиска до опозицијата. 

Пендаровски тврди дека станува збор за луѓе вработени во админситрација кои него и неговото семсјтво ги следат 24 часа.

Објавени се фотографии на Твитер, од негови средби во скопско кафуле, и како тој седи во својот автомобил. 

Според наводите во пријавата овие фотографии се објавени непосредно по неговото појавување на овие локации. Пендаровски во пријавата наведува дека не знае кои се лицата што го фотографираат. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top