Стигна честитка и од Лазаров: Бајката на Вардар е порака за Европа, треба да се верува во чуда

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во својот коментар за хрватскиот портал „Индехс.хр“ се осврна на успехот на Вардар кој го направи во Лигата на шампионите..

Вардар, кој цела сезона се мачи со финансиски проблеми, во одредени моменти остана и без некои ракометари, а дел од шампионската генерација нема повеќе да биде тука од следната сезона, отпишан од сите и гледан потценувачки како тотален аутсајдер, успеа да се искачи на тронот на Европа.

Честитки за успехот дојде и од капитенот Кирил Лазаров, кој во својот коментар упати силни и емотивни зборови за успехот и значењето на Вардар и нивната титула во ЛШ.

„Ова е бајка, приказна за која ќе се зборува со години. Вардар стана симбол дека е возможно и она за што сите велат дека не може да се случи. Вардар стана инспирација на сите луѓе во светот, не само на спортистите туку и на сите аутсајдери, да сфатат дека во животот е најважно да верувате во себе, крваво да работите и да се даде последната капка пот за остварување на соништата. Тие момци, седум или осум месеци немаат земено плата. Лесно е сега да се правиме паметни, но вистинската приказна можат да ја раскажат само оние кои живееле и работеле во такви услови. Пред две години, кога за прв пат станаа шампиони на Европа, Вардар имаше навистина силен тим, беа и финансиски моќни и не беше изненадување тоа што седнаа на тронот на Европа. Она што сега се случи е нешто сосема друго. Пред почетокот или во текот на сезоната си отидоа неколку играчи кои беа носители на играта како Циндриќ, Штербик, Борозан…“, вели Кире Лазаров и додава:

„Вардар испрати моќна порака до младите спортисти, дека нема оправдување и дека ниту едно алби не важи. Нема оправдувања од типот на не чини управата, нема пари, соиграчите се вакви или такви, противниците имаат поголем буџет и поквалитетен состав. Вардар докажа дека сè е можно и нивната приказна мора да биде патоказ за сите млади луѓе дека треба да се верува во чуда. Не ми се верува како во тие месеци кога се пишуваше дека нема пари, дека клубот се распаѓа, не настана ниту една караница, како не се наруши хемијата во соблекувалната. Напротив, сите што се дел од клубот уште повеќе се зближија. Таквиот карактер им ја донесе титулата“.

„Во животот имам освоено многу трофеи, но ретко кога сум бил волку среќен. Јас сум Македонец и горд сум што македонски клуб испиша една ваква спортска бајка“.

Целосниот текст на Кире Лазаров можете да го прочитате ТУКА.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top