Стипе Месиќ осомничен за земање мито во случај на набавка на воени возила во Хрватска во 2007

Државниот обвинител напомена дека финските правосудни тела нема да преземаат никакви правни чекори против хрватски државјани, бидејќи тоа е должност на хрватското Државно обвинителство..

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и поранешниот директор на претпријатието „Ѓуро Ѓаковиќ“ Бартол Јерковиќ, се сомничат дека земале мито од тројца менаџери на финската компанија „Патрија“ во случај на набавка на воени возила во Хрватска во 2007, пишува хрватски „Глобус“.

Месиќ и Јерковиќ, преку посредникот, договориле и зеле мито за свој ангажман во набавка на оклопни возила, потврдуваат за весникот двајца клучни Финци во случајот „Патрија“ - главниот државен обвинител Јука Рапе и главниот инспектор на Националното биро за истрага Кај Ерик Бјерквист.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top