Стоичков удри по Нејмар: Што бара во Барса!?

Легендарниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков не е воодушевен од идејата на клубот да го врати Нејмар откако пред две години кукавички замина во ПСЖ..

Наводно, преговорите се при крај и можно е до крајот на неделава Бразилецот пак да го облече дресот на „каталонците“, но на Стоичков тоа не му се допаѓа.

„Во Барселона нема место за Нејмар и тимот нема потреба од него. Што бара во Барса, каде ќе игра? Веќе ги имаме Меси, Суарес, Дембеле и Гризман. На крајот, ни навивачите нема да му простат“, изјави бугарскиот ас.

Тој ја критикува и трансфер политиката на Барселона, пред се поради можноста Ракитиќ да биде продаден летово, а и тоа што Кутињо не добива уште една шанса.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top