Столтенберг од Атина: Турција да се воздржи , заедничкиот непријател е ИД

Генералниот секретар на НАТО , Јенс Столтенберг ја повика Турција да покаже воздржаност во воената операција во Сирија..

Столтеберг додаде дека заеднички непријател во регионот е сè уште Исламската држава.

Столтенберг избегна директно да ја критикува турската офанзива, повторувајќи го претходниот повик до Анкара да „обезбеди мерки за сразмерни активности во северна Сирија и да избегне понатамошни човечки страдања“.

Тој, исто така, зборуваше за потребата „да продолжиме заедно во заедничката борба против заедничкиот непријател“, Исламската држава. Според Столтенберг, иако е постигнат огромен напредок во оваа борба, „мора да се осигура дека овој напредок е одржлив“.

Генералниот секретар на НАТО ја даде изјавата во Атина по состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Столтенберг утре ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top