Стотици млади Ирачани се одзваа на повикот на главниот шиитски ајатолах за заштита на земјата од сунитските бунтовници

Младите се одзваа на повикот на големиот ајатолах Али ал Сиостани, најпочитуваниот ирачки шиитски духовен лидер.

Стотици млади Ирачани се собираат денеска во центрите за доброволци во Багдад, за да се приклучат кон битката со радикалните исламисти, кои оваа недела презедоа офанзива во северните региони на Ирак.

Младите се одзваа на повикот на големиот ајатолах Али ал Сиостани, најпочитуваниот ирачки шиитски духовен лидер, народот да се крене во борба против бунтовниците од сунитската групација Исламска држава во Ирак и Левант.

Борците на оваа радикална групација, кои сакаат да создадат калифат во регионот, веќе ги зазедоа Мосул, вториот по големина ирачки град и Тикрит, родното место на Садам Хусеин. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top