Стотина средношколци од Охрид отворено застанаа зад движењето „За заедничка Македонија“

Зад протестите на движењето „За заедничка Македонија“, од утринава, застанаа и дел од учениците од средното образование во Охрид..

Околу стотина ученици од средното техничко училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридскки”, средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, и охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, се собраа на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

Носејќи го државното знаме, скандираа дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата и за поддршка на политиката на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Тие тврдат дека никој не ги организирал, туку спонтано ги напуштиле училиштата

за да се приклучат кон барањата за против двојазичноста и зачувување на унитарноста на државата.

Некои од учениците рекоа дека имале поддршка од директорите и најавија ново собирање за среда. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top