Страдањата на македонката Дана Вулин во Перт

По будењето од кома Дана Вулин преживува тешки моменти и е тотално скршена поради изгорениците нанесени од Наталија Димитровска..

Целосно сум скршена но морам да прифатам дека никогаш повеке нема да изгледам како порано вели Дана.

Канал 7 емитуваше документарна програма за македонката Дана Вулин врз која во фебруари годинава беше истурен  бензин и беше жива запалена.

Во афект на љубомора и во обид да го врати сопругот назад Наталија Димитровска која се сомневала дека нејзиниот сопруг е во врска со прекрасната Дана Вулин заедно со машки пријател влегле во станот на Дана додека таа спиела.

Тие ја разбудиле Дана и го барале сопругот на Наталија, откога не го пронашле ја полеале Дана со  со метил алхохол и ја запалиле. Откога ја запалиле Наталија и нејзиниот пријател се смееле додека кутрата Дана горела.

Наталија и претходно телефонски и се заканувала на Дана.

Дана заврши со изгореници од трет степен по целото тело и едвај преживеа. Наталија неколку дена се криеше од полицијата но незнаејќи дека незиниот разговор го прислушкува полицијата се обиде да ја напушти Австралија и да избега во Македонија. Пресудни беа преводите на полицаецот кој е со македонско потекло. 

На 11 октомври  Наталија беше осудена на 17 години затвор што е за три помалку од максимумот за вакво сторено кривично дело.

За да ја покажете Вашата поддршка за Дана и да бидете во тек со нејзиниот напредок, посетете ја фејсбук страната We Heart Dana Vulin Facebook page.

На Дана и се потребни  250.000 $ за  лекување - може да се помогне  со донирање преку нејзината Everyday Hero page.

Погледнете ги трите видеа кои се дефинитивно вознемирувачки и некои гледачи може да бидат навистина натажени.







Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top