Странците нема да може да влезат во Австралија до 2021

Странците најверојатно нема да може да влезат во Австралија до 2021 година..

Австралија размислува да ги олесни правилата за влез за студентите и други посетители кои остануваат во земјата на подолго време.

Земјата доста успешно се справуваше со ширењето на новата болест, што особено се должи на ограничувањата во меѓународните патувања и строгите мерки за социјално дистанцирање.

Во Австралија досега има повеќе од 7.300 случаи на новата болест, како и 102 лица кои за жал го загубиле животот. Во изминатите 24 часа се пријавени нови 22 случаи, што е најголема дневна бројка во последните 30-ина дена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top