Страшен почеток, Ханси Флик најдобар во историјата на Баерн!

Веројатно ретко кој веруваше дека Ханси Флик за кратко време ќе стане најуспешниот тренер на Баерн на почетокот од својот престој во овој клуб..

Ханси Флик во првите 25 меча на клупата на Баерн во Бундеслигата забележа победа на 22 меча, што е најдобриот резултат на Баерн од влегувањето во Бундеслигата во 1965 година.

Денешната победа од 5:0 против Фортуна Дизелдорф беше 22 победа за Баерн под водството на Флик.

Изгледа дека Баерн погоди во метата и си најде повеќе од сериозен тренер за следниот период.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top