Страшна ноќ на Кавказ: Сирени и бомби, убиени многу цивили

Синоќа околу 1 часот по полноќ по локално време, беше ракетиран Ганџа, вториот по големина град во Азербејџан..

Во нападот загинаа 12 лица, беа ранети повеќе од 40 и беше предизвикана значителна штета на цивилната и транспортната инфраструктура, се вели во соопштението на Државното обвинителство на Азербејџан, пренесе ТАСС.

Во исто време, како што пренесува Спутник, одбранбената армија на Нагорно-Карабах тврди дека Степанакерт и Шуша биле гранатирани утрово и дека во тие напади имало ранети цивили.

Според азербејџанските власти, нападот предизвика сериозна штета на цивилната инфраструктура и патиштата.

Тие додаваат дека Ганџа била погодена од ракети „Скад“ (R-17) од територијата на Ерменија, додека ерменската страна ги негира тие обвинувања.

Исто така, се наведува дека спасувачката мисија е сè уште во тек со цел да се утврди дали има граѓани кои се наоѓаат под урнатините на зградите.

Народниот правобранител во Нагорно-Карабах, Артак Бегларјан, вели дека најмалку двајца цивили биле повредени за време на синоќешното гранатирање на Степанакерт, како и дека цивилни објекти биле оштетени во тој напад.

Вооружените конфликти меѓу ерменските и азербејџанските сили околу спорниот регион Нагорно-Карабах.

Четири експлозии

Градот Степанакерт во Нагорно-Карабах беше бомбардиран по вторпат во последните 24 часа, а според достапните информации од местото на настанот, се слушнале четири експлозии.

ТАСС јавува дека во градот се огласила сирена за воздушен напад, а околу 40 минути подоцна одекнале четири експлозии во градот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top