Страшна партија на Србинот: Јокиќ за голема победа на Денвер

Денвер Нагетс го совлада Лос Анџелес Клиперс со 111: 98 и ја израмни полуфиналната серија на Западната конференција на 3-3..

Откако направија пресврт во серија од 3-1 против Јута Џез, се чини дека на повидок е уште една голем пресврт откако ивечерва ги победија Клиперс и се вратија во игра за финалниот натпревар.

Клиперси ја имаа победата во свои раце. Водеа со 19 поени предност во третиот период, но потоа Нагетс започна да игра.

Никола Јокиќ и компанијата ја зацврстија одбраната, офанзивно погодуваа речиси се, целосно го престигнаа Клиперс во остатокот од играта и дојдоа до победата.

Неверојатниот Јокиќ го заврши мечот со 34 поени, 14 скока и седум асистенции, а Џамал Мареј додаде 21. Пол Џорџ, пак, постигна 32, а Каваи Леонард 25, но од многу слаб процент на шутови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top