Стратегија на ЕК за Западен Балкан: Прво резултати, па членство во ЕУ

Стратегијата за Западниот Балкан ги обврзува земјите од регионот да ги исполнат потребните реформи на полето на владеење на правото, социјалниот и економски развој, безбедноста и миграцијата како и да ги затворат отворените прашања со соседите..

Додека Стратегијата ги опишува придобивките што ЕУ ќе ги има од интеграцијата на регионот, од официјален Брисел потенцираат дека ЕУ ќе сподели заедничка идина со Западниот Балкан, доколку земјите од Западен Балкан ги направат потребните реформи.

„Оваа стратегија денес дава заедничка, јасни и конкретна перспектива за европска интеграција на секоја од 6 -те земји од Западниот Балкан. Но, потребни се реформи, со цел граѓаните од овие земји да можат да ги уживаат истите права и истиот стандард како граѓаните на Европската унија. Се разбира, ние сме свесни дека многу реформски процеси се во тек, и таа решителност за нивно спроведување е јасен показател дека луѓето и лидерите од Балканот направиле јасен избор а тоа е Европската Унија. Насоката е поставена и денеска ние можеме да им кажеме дека и ние направивме избор и дека нивната перспектива за нас е многу јасна“. – изјави Федерика Могерини, шеф на дипломатијата на ЕУ

Премиерот Зоран Заев истакна дека Стратегијата го оценува напредокот на земјата на патот кон ЕУ и ги поканува сите страни да се ангажираат за потребните реформи за зачленување на земјата.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер истакна дека нема интеграција во ЕУ, без решавање на споровите со соседите.Според него, Србија и Црна Гора се земјите кои постигнале видлив напредок и најави можност тие меѓу првите да станат дел од ЕУ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top