Стрмоглав пад на акциите на „Wall Street“

Паѓањето на индексот на берзата во Њујорк го следи драматичното намалување на вредноста на индексите на берзите и во Азија и во Европа..

Ниту драстичното намалување на каматната стапка од страна на Федералните резерви на САД, која сега е речиси блиску до нула, не успеа да го намали паѓањето на акциите на Вол стрит во Њујорк. 

Во 13 часот по локално време, само три часа по отворањето на берзата, акциите паднаа за 10,27 отсто. 

Вредноста на индексот Дау џонс изнесуваше 20.805, што е најниско ниво во последниве три години. Само до пред десетина дена таа вредност изнесуваше 29.000.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top