„Студена“ војна меѓу СЈО и Верушевски: Требаше да го урнат митот на Груевски за сечени-лепени-монтирани

Вкупно 15 прашања до својот сведок Зоран Верушевски, поставија обвинителите од СЈО кои сега се под „палката“ на државниот обвинител Љубомир Јовевски. Но на денешното рочиште не можеше да се забележи дека Верушевски е сведок на обвинението..

Разузнавачот критикуваше. Истакна дека од СЈО се очекувало да го урне митот на Груевски за сечени-лепени-монтирани снимки со кои поранешниот премиер тргна во офанзива против креаторите и корисниците на ткнр. бомби. Ќе видиме како ќе биде на крај, питенцираше Верушевски.

Иако неколкупати беа поставени прашања од обвинителката Ристовска дали некој изнесувал материјали од СДСМ и дали има такви сознанија, Верушевски не одговори директно или прецизно туку се префрлаше во своите долги одговори и на други теми. Ленче Ристовска пак во лице и во судски записник рече и констатираше дека „сведокот избегнува да даде одговор на прашањето“.

Кога беше прашан каде физички (локациски) се правела анализата на материјалите, Верушевски во филозофски стил одговори.

-Анализите се мисловен процес, а не физички и се прават индивидуално и се предодредени со интелектуалниот капацитет на поединецот. Илузорно е да се фокусираме на локација. Со други зборови во просториите на СДСМ е можно да се добие поттик на размислување.

Уште едно „пецкање“ кон СЈО беше предизвикот на Верушевски кога на обвинителите им рече дека се надева дека со нивните вештачења ќе се докаже и откри колку масовна била операцијата на следење на комуникации, затоа што е дозволено опремата за прислушување  да биде уништена (дел од процесот Тврдина-Таргет).

Верушевски смета дека целата состојба во која тој и неговото семејство беа во притвор или осомничени се „срам за државата“ и во тек е постапка за наплата на штета од одлежаниот притвор во случајот Пуч.

-Државата нема чувство на некои луѓе не да ги обогати туку да им оддаде почит за саможртва, истакна Верушевски кој вели дека и како чивек и семејно биле растргани во јавноста, од 2015-та кога го дал првиот исказ па дури и сега.

Не спомна кого директно обвинува за неговиот прогон. Покажуваше разочараност од СЈО како што најави и премиерот Заев по првиот распит на Верушевски. Но името на некогашниот директор на УБК, а сега првообвинет Сашо Мијалков не го спомна. Не вкрстија ниту збор во процесот кој треба да открие зошто Македонија преживеа нелегално прислушување.

Верушевски го обвини Никола Груевски за прислушувањето, и рече дека требало да биде првообвинет, а за одговорни за скандалот ги смета и другите двајца бегалци од УБК (Грујовски и Бошкоски, избегани во Грција).

-Посакувам тие луѓе да се вратат и да се соочат со правдата, потенцира Верушевски, кој не одговори на новинарските прашања пред суд за тоа дали со денешното сведочење го обвинува само екс премиерот и избеганите началници, без да прецизира за вината на актуелните обвинети кои беа во судницата, меѓу кои за нелегално прислушување се обвинети и Мијалков, Јанкуловска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и други.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top