Студија: Лицата над 40 години треба да работат три дена неделно

Во неодамнешната студија објавена во „Melbourne Institute Worker Paper“, во која учествувале 3. 000 мажи и 3, 500 жени од Австралија, било потврдено дека когнитивната ефикасност на средовечните луѓе е подобра кога работат по 25 часа неделно.

Од друга страна, перформансите се намалуваат кога се надминуваат 25 –те работни часа, поради влијанието на заморот и стресот.

Во тестирањето биле вклучени гласното читање, рецитирање, способноста за памтење и способноста за размислување во кое биле вклучени извршното и апстрактно размислување и меморијата. Според резултатите е заклучено дека лицата по 40 – тата година совршено знаат да одговорат на работните активности до 25 работни часа, а додека веќе на 50 работни часа не давале никакви резултати, вклучително и на оние кои се воделе како невработени во моментот на спроведување на студијата.

Иако работата ја стимулира активноста на мозокот, сепак долгото работно време предизвикува замор и стрес и влијае на когнитивните функции. Авторите на студијата исто така истакнале дека резултатите се однесуваат на групата која била тестирана и дека не треба да се земаат „здраво за готово“, односно дека постои разлика од држава во држава, возрасна граница, вид на работна позиција итн...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top