СТУДИЈА НА ММФ: Капиталните проекти не смеат да станат жртви на политизација!

Македонија, заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија заостануваат зад европскиот просек во однос на развиеноста на патната, електричната и телекомуникациската инфраструктура..

Оваа слабост знајачно го отежнува подобрувањето на животниот стандард. Инфраструктурните проекти не смеат да станат жртви на политизација. Ова се дел од поентите во новиот Ивештај со нaслов “Јавна инфрструктура на Западен Балкан“ што го објaви Меѓународниот монетарен фонд. Се утврдуваат слaбостите но се даваат и препораки. Со новиот Буџет за 2018, инфраструктурата е еден од тагетите во владината политика, но останува отворено прашањето колку од тие инфрастуктурни проекти со каков процент ќе бидат остварени.

Македонија – далеку зад европскиот просек на инвестиции ...

“Подобри транспортни, енергетски и телекомуникациски мрежи ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан да ја зголемат продуктивноста, да се интегрираат подлабоко во крвотокот на глобалната трговија и да ја подобрат атрактивноста на регионот за странските инвестиции. Анализата покажува дека регионално координиран притисок врз јавната инфраструктура, заедно со подобро управување на конкретните проекти, би можело значително да го зголеми приходот по глава на жител. Долгорочната добивка на реалниот БДП по човек би можела да достигне и до 3-4 процентни поени“ – пишува во новообјавената студија посветена на инфраструктурата во Западен Балкан што ја објави ММФ.

Во грпата земји кои заостануваат зад европскиот прсек според степенот на инфраструктурни инвестиции е и Македонија, но се посочува дека достигнувањето на европското ниво оди тешко поради неколку причини, недостаток на финансии, односно буџетски ресурси но и силни институционални рамки кои го регулираат изборот, извршувањето и следењето на проектите.

“Повеќето земји во регионот веќе имаат високо ниво на јавен долг, а некои имаат висок буџетски 3 дефицит. Потешкотијата во пристапот на меѓународните пазари на капитал ја ограничува ликвидноста. Управувањето со јавните инвестиции е исто така слабо“ – се вели во студијата.

Годинава за капитални расходи – 400 милиони евра ...

Со Буџетот за 2018 година планирани се 400 милиони евра за каитални расходи, што е 5,7% повеќе во однос на лани. Како значаен дел од капиталните инвестиции, под државна капа, се и вложувањата во патна и железничка инфраструктура.

Така, годинава за изградба на нови пруги на Коридор 8 и 10 како и одржување на железничката инфраструктура и сообраќај, планирани се околу 21 милион евра што е зголемување за 150% во однос на ланските позиции а  изградба на гасоводната мрежа  одвоени се 36 милиони евра. И покрај застојот и анализите што с еправата на терен, годинава продолжува и изградбата на двата автопати финансирани со кинески кредити, на исток Штип – Миладиновци и на запад Кичево-Охрид. 

Дел од економистите оценија дека за годинава се поставени оптмистички економски таргети, остварување на значајни капитални проекти кои треба да донесат и раст на БДП, но сепак внатрешно политичката стабилност останува клучен предуслов и за економска стабилност.

“Проектираниот раст и поголемиот оптимизам за новата 2018 (па и во 2019 год.) е блиску поврзан со повеќе фактори, оптимистичките проценки за растот на европската економија (и останатите трговски партнери и странски инвеститори), цените на металите и енергенсите  и другите фактори од опкружувањето; елиминирање на негативните ефекти од долготрајната политичка криза; оптимистичките погледи на бизнис секторот за периодот кој доаѓа (што го потврди Извештајот на Европската комисија),  позитивните очекувања кај економските субјекти за ефектите од политиките на новата Влада. Меѓутоа она што е поважно турбулентното економско и политичко  опкружување во претходниот период нужно укажа на потребата од детектирање, дефинирање и нудење конкретни решенија за справување со клучните економски предизвици во Македонија“ – изјави во интревју за “Фактор“, универзитетскиот професор Борече Треновски.

Што препорачува ММФ ..

Транспортните артерии се пресудни за развој, заедно со вложувањата во енергетиката и телекомуникациите, пишуваат аналитичарите на ММФ. Посочуваат на неколку препораки.  Така,на земјите од Западен Балкан им се советува  да се потпрат на надворешно финансирање кога се работи за вложувања во инфраструктура.

“Надворешното финансирање би требало да одигра поголема улога во развојот на јавната инфраструктура во земјите од Западен Балкан, оставајќи ги домашните финансиски ресурси да им служат на потребите на приватниот сектор. Официјалното донаторство, мултилатерално и билатерално финансирање врз концесиски услови ќе мора да одиграат доминантна улога, особено во земјите со високо ниво на јавен долг“ – се вели во обајавената студија.

Она што е значајно  е што студијата упатува на “деполитизација“ на инфраструктурните проекти.

“Важно е исто така, инфраструктурните проекти да не станат жртви на политизација. Земјите можат да го избегнат тоа со воспоставување на планови за јавни инвестиции врз основа на конкретни, мерливи цели и методологии за транспарентно оценување„ – се нотира во студијата и се додава :

“Земјите треба да размислат за заштеда во нивните повторливи трошоци за да најдат ресурси за скапи проекти. Владите би можеле да создадат дополнителен простор за маневрирање преку проширување на нивната даночна основа (со елиминирање на исклучоците и даночните олеснувања) и зајакнување на усогласеноста со даноците, при што и двете резултираат во зголемување на приходите“.

Аналитичарите потстуваат дека во плановите, важно е да се предвидуваат остварливи а не преамбициозни проекти кои нема да ја загрозат макроекономската стабилност.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top