Студија: Тројца од четворица Австралијaни имаат негативен став кон Абориџините

Тројца од четворица Австралијани имаат расни предрасуди кон домородниот народ – Абориџините, покажа универзитетско истражување чии резултати се објавени денеска во стручно списание..

Независно од возраста, полот, етничката припадност, занимањето, религијата, нивото на образование, политичката припадност или приходите, повеќето Австралијци имаат „негативен став“, покажа студијата.

Овој вид на скриена негативност или несвесна пристрасност „може да доведе до широко распространет расизам“, се вели во анализата на податоците. Со специјален асоцијативен тест во студијата биле анкетирани 11.000 Австралијани во период од 10 години.

– Резултатите се шокантни, но не и изненадувачки, изјави Сидхарт Широдкар, еден од авторите на извештајот.

Студијата дава јасен доказ за цврстата и невидлива социјална бариера со која се соочуваат домородните народи, рече Широдкар. Истражувачите забележуваат дека многу луѓе кои имаат такви ставови веројатно не се свесни за нивните предрасуди.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top