Суарес откри: Џерард ме прати во Барселона!

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот Луис Суарес откри дека Стивен Џерард е причината поради која тој денес игра во Барселона..

Не пораз киксот против Челси во 2014 година, туку поради она што се случило година дена порано, односно пред почетокот на таа сезона. Тогаш Арсен Венгер силно инсистирал на него и бил подготвен да плати 40 милиони евра (во тоа време огромна сума), но до трансферот не дошло.

„Се подготвував за Арсенал, но дојде Стивен и ми рече: Остани уште една година и ти ветувам дека потоа си слободен да одиш каде сакаш, во Баерн, Барселона или Реал. Го послушав, му се јавив на агентот и му реков дека останувам на Енфилд. Тоа беа зборови на вистински лидер кои оставија силен впечаток на мене“, изјави Суарес.

За негова жал, од Ливерпул не си замина со титула, но сето тоа го надополни во Барселона каде за четири сезони освои три титули во Ла Лига и една во Лигата на шампионите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top