СУД МУ ЗАБРАНИ НА ТРАМП ДА БЛОКИРА КОРИСНИЦИ НА ТВИТЕР КОИ ГО КРИТИКУВААТ

Суд во Њујорк му забрани на Доналд Трамп да блокира корисници на Твитер, само врз основа на нивните политички убедувања..

Судијката Наоми Рајс Бухвалд од Менхетн кажа дека блокирањето на пристапот кон Твитер профилот на Трамп значи кршење на правото на слобода на говор.

Судскиот процес беше покренат од еден институт од универзитетот Колумбија во име на седуммина корисници на Твитер, кои биле блокирани поради критикување или исмевање на Трамп онлајн. Белата куќа не даде коментар за оваа одлука.

„Платформите на социјалните мрежи се квалификуваат како јавни форуми достапни за сите граѓани на САД. Овој процес разгледуваше дали јавен службеник смее да блокира некого на Твитер само поради политичките ставови што ги изнесол и дали ова се разликува ако тој јавен службеник е претседателот на САД. Одговор на двете прашање е ‘не‘“, појасни судијката Рајс Бухвалд.

Таа го одби аргументот на адвокатите на Трамп дека Првиот амандман не важи во овој случај.

Трамп се приклучи на Твитер во 2009 година и денес има 52 милиони следбеници.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top