Судот во Стразбур за дел од предметот донесе пресуда во корист на Љубен Пауновски

Пропусти имало во презумпција на невиност, немање време за делување на одбрана и недопуштеност во сведочење. Судот по основ на констатираната повреда досуди надомест на штета во износ од 900 евра, и уште 800 евра за покривање на трошоците..

Во април 2007 Пауновски беше осуден на три и пол години затвор за проневерени на над 1,5 милиони евра во 2001 година и злоупотреба на службената положба и овластувања во време на конфликтот 2001 година. Според обвинението, тогашното Министерство за одбрана преку два договора со фирма на негови роднини, Македонија била оштетена за три милиони тогашни германски марки.

Судот во Стразбур минатата недела донесе и пресуда во корист на лустрираниот кичевски судија Драги Билевски. За овој случај се води и предмет „Моќник“ во СЈО против пратеникот Антонијо Милошоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top