Сведоштво на играч од Минхен: Анчелоти 90 минути пред мечот со ПСЖ ја шокира цела соблекувална

Фудбалерот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, реши да проговори за дел од проблемите кои Баерн ги имаше додека Анчелоти беше нивни тренер..

Италијанецот имаше навистина кошмарни проблеми, Баерн губеше лесно многу натпревари, станаа непрепознатливи во Бундеслигата, и целиот тој багаж и талог околу Дон Карло, резултираше со отказ.

По неговото заминување, клубот од Минхен како моментална опција, реши да го отповика од пензија Јуп Хејнкес, миленикот на публиката во тој град.

За проблемите со Анчелоти сега раскажа Боатенг, што всушност ги шокирало и како биле третирани од Италијанецот.

Дури сега можам да кажам дека се чувствувам удобно во Минхен. Пред тоа тренингот беше многу поразличен од она што бевме навикнати. Како играч може да почувствувате дали сте на 100% од можностите или не. Неговиот начин на работа беше луден. Анчелоти 90 минути пред натпреварот со ПСЖ ни соопшти на петмина дека едноставно нема да се најдеме во составот за ПСЖ. Само така, од ведро небо, сите во соблекувалните бевме шокирани“, истакна Боатенг.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top