Светот не бил поблиску до нуклеарна војна во последните 30 години

Рускиот претседател Владимир Путин ја исклучи Русија од договорот за забрана на нуклеарните ракети од среден и краткок дострел, како одговор на привременото повлекување на САД на почетокот на годинава..

Овој потег значително го зголеми ризикот од глобална нуклеарна војна до ниво кое не е забележано од најлошите периоди на Студената војна.

Непрофитната организација на научници кои раководат со проектот ,,Часовник на судниот ден” , минатата година го поставија на симболични две минути до полноќ, на највисоко ниво од 1953 година, а оваа година го задржаа на истото место, предупредувајќи на постојаната "вонредна состојба".

По објавувањето на проценка следуваа серија настани низ целиот свет што дополнително го зголемија нивото на опасност, како што се програмите за обновување на нуклеарните системи на Северна Кореја, како и најавата на Иран дека продолжува да збогатува ураниум над договорените граници , а секако и  повлекување на САД и Русија од клучниот договор што го потпиша во 1987 година Роналд Реган и Михаил Горбачов.

Договорот INF е создаден за отстранување на сериозна закана од глобална термонуклеарна војна.

Како дел од договорот од 1991 година, се уништени речиси 2.700 проектили, а до 2001 година се врши редовни инспекции на локации, но подоцна почна да меѓусебни обвинувања за кршење на договорот. САД привремено се повлекоа од договорот во октомври минатата година, а одлуката на Путин оваа недела се чини дека е означи крај на договорот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top