Светската здравствена организација следната недела очекува десет милиони заразени

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус кажа дека очекува бројот на случаите на зараза со новиот коронавирус, кој сега изнесува 9,3 милиони, следната недела ќе достигне десет милиони..

Гебрејесус на конференција за медиумите кажа дека ја поддржува одлуката на Саудиска Арабија да го забрани доаѓањето на аџии од странство на годишниот хаџ за да се спречи ширењето на заразата со вирусот.

Тој кажа дека СЗО сега им помага на голем број држави во набавката на концентратори на кислород, апарат кој помага во засилувањето на протокот на кислородот кај заболените од ковид-19. „Побарувачката ја надминува понудата“, кажа тој.

Д-р Мајк Рајан, шефот на програмите за вонредни состојби на СЗО, кажа дека пандемијата во многу земји на американскиот континент сѐ уште не го достигнала врвот и дека „сѐ уште е интензивна“, особено во Централна и Јужна Америка.

„Би кажал дека состојбата сѐ уште се развува и не го достигнала врвот и дека веројатно во следните недели нема да опаѓа бројот на заразените и смртните случаи“, кажа Рајан.

Во многу земји од тој регион минатата недела беше забележано зголемување на случаите на зараза од 25 до 50 отсто, кажа тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top