Светските педијатри предупредуваат: Не им подарувајте вакви играчки на децата, ги попречуваат во развојот

Сега е периодот на празници и купување на подароци, но и прав момент мајките, татковците, бабите, дедовците и тетките да ги послушаат што имаат да кажат експертите за деца,.

Американските педијатри на возрасните им испратија јавно писмо во кое советуваат на децата да не им подаруваат различни дигитални играки, туку да ги бираат оние класичните.

„Истражувањата покажуваат дека светлата и звуците со кои се опремени дигиталните играчки можат да го попречуваат социјалниот развој на децата. Со цел ова да го разбереме, треба да отидеме чекор понапред. Најдобри се оние играчки кои ги поттикнуваат децата на комуникација со родителите и другите членови од семејтвото“, препоралуваат педијатрите, но и додаваат дека разбираат зошто родителите мислат дека модерните, дигитални играчки се подобри за нивните деца.

„Порастот на пазарот на таканаречените едукативни играчки и појавата на виртуелните играчки на дигиталните медиуми ги наведоа родителите да мислат како тие нови играчки мора да бидат подобри од старите, а тоа не е витина“, препорачуваат педијатрите.

Високо квалитетните играчки не мораат да бидат модерни и скапи. Дури, неретко подобри се оние играчки кои не морате да ги уклучувате во струја или да им ставате батерии. Подарете им на децата коцки, сет за чајанка, боички, боенки или топка. Студијата покажала дека децата помалку се врзале со своите родители и браќата кога си играле со дигитални играчки. Тоа доведува до намалување на когнитивните, јазичните и мотроните способности.

Освен тоа, психолозите веќе некое време предупредуваат на тоа дека малечките премногу време поминуваат пред екраните на паметните телефони. Поразителни се резултатите од студијата спроведена во 2014 година, кои покажаа дека дури 97 отто од децата помлади од пет години редовно користат паметни телефони и таблети, а многу од нив почнуваат да играат со нив пред својот прв роденден.

Треба и да се напомене дека педијатрите и психолозите советуваат родителите на деца помлади од 2 години воопшто да не им даваат таблет или паметен телефон во рака, затоа што тоа им штети на нивниот развој.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top