Свршувачка на Светското првенство: Роналдо се жени, Георгина го покажа прстенот

Кристијано Роналдо веќе блесна на Светското првенство во Русија, како и неговата девојка Георгина Родригез.

Имено, таа внимателно ги следи сите натпревари на Португалија, а на натпреварот против Мароко покажа еден детаљ кој ги „возбуди диховите“ во светските медиуми.

Георгина на натпреварот го покажа големиот дијамантски прстен на левата рака, а фотографијата на која таа им го покажува на друштвото на трибините го обиколи светот.

Се шпекулира дека Роналдо се свршил со својата избраничка среде Светското првенство, но тој за сето тоа мудро молчи.

Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека вредното парче накит кој Георгина го покажала е, всушност, дијамант на „Картие“ вреден 615.000 фунти.
Роналдо и Георгина се во врска од 2016 година, а неодамна станаа и родители на девојчето Алана Мартина.

Заедно со нив живеат и трите постари деца на Роналдо кои му ги родија сурогат мајки.

Својата избраничка Роналдо ја запозна во Мадрид, а таа работеше како продавачка во продавница на марката „Гучи“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top