СЗО: Денеска е модерно да се биде дисидент, се зголемува бројот на противници на вакцини

Светското лоби на противници на вакцини е се поголемо, изјави претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Москва, Мелита Вујновиќ, известува ТАС..

– Тоа движење расте. Денеска е модерно да бидеш дисидент, а лобито на противници на вакцини е се поприсутно и погласно, укажала Вујновиќ за време на седница посветена на Ковид-19 на Руската академија за науки.

Агенцијата наведува дека Мелита Вујновиќ се противи на коментарите на социјалните мрежи во кои се тврди дека „вакцините се смртоносни и штетни за луѓето“.

– Тоа се прави и покрај тоа што сите знаат дека вакцините се најважна мерка во јавното здравство кои овозможија на модерното човечко општество да ги зачува животите на децата, да ги зголеми човековиот животен век и да го намали бројот на лица со инвалидитет, нагласила Вујновиќ.

Таа предупредила дека ваквите ставови нема да го променат однесувањето на луѓето само спрема вакцинација, туку ќе нанесат и долгорочна штета на комплетниот здравствен систем.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top