СЗО го суспендира тестирањето на лекот за малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот за малaрија хидроксиклорокин кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната безбедност, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус..

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и други официјални лица честопати го споменуваа хидроксиклорокинот како можен лек за коронавирусот. Претседателот на САД изјави дека го зема лекот како превенција од вирусот.

„Истражувачите ја стопираа употребата на хидроксиклорокин во клиничките испитувања во рамките на проектот ‘Солидарност’ сè додека не се анализираат податоците за безбедноста на лекот“, рече Тедрос на онлајн брифинг, додавајќи дека другите тестови во рамки на „Солидарност“, голема меѓународна иницијатива за спроведување клинички испитувања на можни лекови за вирусот, продолжуваат.

СЗО претходно препорача хидроксиклорокинот да не се користи за лекување или спречување на вирусот, освен во клиничките испитувања.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top