СЗО ќе го одржи 73 Светско собрание

Денеска и утре ќе се одржи 73 Светско здравствено собрание кое поради сегашната пандемија на ковид-19 ќе биде виртуелно..

На собранието ќе се разговара за мерките за спречување на пандемијата, како и најновите случувања во Светската здравствена организација во светлината на критиките што доаѓаат од некои земји, главно од Соединетите држави, дека ова тело на Обединетите нации не ги исполнило очекувањата во борбата против коронавирусот.

Исто така е најавено дека ќе бидат избрани претседател и пет потпретседатели на СЗО.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top