СЗО: Ова не е ниту приближно до крајот, да се лоцираат контактите и да се изолираат лицата за да не се шири вирусот

Тедрос Аданом изјави дека единствената најважна интервенција за спречување на ширењето на корона вирусот може да ја спроведат голем број професионалци така што ќе ги лоцираат контактите кои го шират вирусот и притоа да ги изолираат овие лица..

- Постојат чекори што сите земји можат да ги преземат за да го потиснат ширењето на вирусот. Тврдењата на некои земји дека има премногу контакти за пребарување и дека самиот процес е премногу тежок, не се прифатливи, истакна директорот на СЗО.

СЗО и8 во изминатиот период повеќе пати апелираше до властите во државите деказапирањето на пандемијата на Ковид-19 бара силна стратегија за следење контакти, интензивен процес за пронаоѓање луѓе кои биле во контакт со заразените лица и нивна изолација.

- Системот на следење и откривање на контактите мора да продолжи бидејќи пандемијата не покажува знаци на забавување, туку напротив се забрзува. Суровата реалност е дека ова не е ниту приближно до крајот, најлошото допрва следува, истакна Аданом. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top