СЗО прогласи пандемија поради коронавирусот: „Време е да се превземат поагресивни мерки“

Светската Здраствена организација им порача на националните влади дека е време за поагресивна акција сега кога коронавирусот достигна ниво на пандемија..

Директорот на СЗО, Тедрос Аданон Гебрејес рече дека со објавувањето на пандемијата, земјите биле повикани да ги развијат своите механизми за одговор при итни случаи, објави АП.

„Подгответе ги вашите болници, заштитувајте ги и обучете ги здравствените работници за да внимаваме едни на други затоа што сме потребни едни со други“, советувал Тедрос.

Д-р Мајк Рајан, шеф на Програмата за управување со итни случаи на СЗО, издаде отворено предупредување за здравствената вонредна состојба. Рајан рекол дека „Иран и Италија сега се во првите редови.

„Тие страдаат, но можам да гарантирам дека другите земји наскоро ќе се најдат во таа ситуација“, рече тој.

„СЗО ја разгледуваше оваа епидемија од минута во минута и ние сме длабоко загрижени за алармантната стапка на која се шири вирусот и сериозната состојба на заразените“, рече Аданом на конференција за медиуми, додавајќи: „Сите земји сè уште можат да го променат текот на оваа пандемија. Доколку земјите откриваат , тестираат, лекуваат, изолираат, и ги следатпрепораките и го и мобилизираат својот народ како одговор "

„Затоа, решивме да објавиме дека ширењето на Ковид 19 може да се карактеризира како пандемија“, додаде тој

„Пандемијата не е збор што го користиме лесно или несовесно. Тоа е збор што, ако се користи неправилно, може да предизвика неоправдан страв или неоправдано прифаќање на мислењето дека борбата завршила, што доведува до непотребно страдање и смрт “; рече Аданом.

Тој додаде дека илјадници луѓе се борат за својот живот во болниците ширум светот и дека бројот на заразени и мртви во наредните денови и седмици ќе се зголемува.

„Во последните две недели, бројот на заразени надвор од Кина се зголеми за 13 пати и бројот на заразени земји е тројно зголемен. Сега имаме над 118,000 случаи во 114 држави и 4,291 луѓе го загубија животот “, рече тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top