СЗО: Собрани се 700 милиони долари за вакцини за сиромашните земји

Меѓународните донатори досега собрале 700 милиони долари за вакцина против коронавирус за сиромашните земји..

Тоа е иницијатива која има за цел кога ќе се открие вакцината, таа да не биде дистрибуирана само до богатите земји. Тоа е помалку од половина од износот што го постави иницијативата, пренесува Ројтерс.

Имено, целта на иницијативата Coivax Advanced Market Commitment е да собере две милијарди долари за набавка на вакцината кога таа ќе биде откриена.

"До денес собравме 700 милиони американски долари. Значи, имаме уште многу работа", изјави денес Матшидисо Моети, директор за африканскиот регион при Светската здравствена организација.

Најмалку осум африкански земји, вклучително и Јужна Африка, Габон и Намибија, потврдија дека самите ќе го финансираат пристапот до вакцината.

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести минатиот месец соопшти дека кривата на ковид-19 на континентот полека почнува да се израмнува благодарение на мерките како што се носење маски и одржување на пропишаната физичка дистанца.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top