СЗО: Заразени се повеќе од половина милион луѓе

Коронавирусот зарази повеќе од половина милион и усмрти 20.000 луѓе, изјави денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО) и повторно апелираше да се обезбеди заштитна опрема за медицинскиот персонал кој спасува животи..

Зборувајќи на прес-конференција во Женева Тедрос Гебрејесус повика да не се користат лекови за кои не е докажано дека се ефикаснки против ковид-19.

„Хроничниот глобален недостиг од заштитна опрема сега е една од најитните закани за нашата колективна способност да спасуваме животи“, кажа Гебрејесус.

„Здравствените работници во земјите со ниски и средни приходи ја заслужуваат истата заштита како оние во богатите земји“, додаде тој.

Не наведувајќи детали, тој им се заблагодари на „различните национални организации“ кои обезбедиле важни разузнавачки податоци по кибернетичкиот напад врз СЗО и него лично.

„Кризите како оваа го изнесуваат на површина најдоброто и најлошото во човештвото“, кажа Гебрејесус.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top