Тачи би отворил амбасада во Ерусалим во замена за признавање на Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека би отворил косовска амбасада во Ерусалим во „замена“ за израелското признавање на Косово, пренесе израелскиот весник Ерусалим пост..

Во вестите, пренесени и од други израелски медиуми, Ерусалим пост се повикува на приштинската агенција Косова прес, која наведе дека Тачи ова го кажал во интервјуто за телевизијата Визион плус во Албанија, која се емитувала синоќа.

„Доколку Израел го признае Косово, јас би отворил косовска амбасада во Ерусалим“, рече Тачи.

Косовскиот претседател додал дека во врска со одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим „Косово никогаш не би гласало против американските интереси“.

„Односите на Република Косово со САД се одлични. Се сретнав со претседателот Трамп и неговиот пристап кон нас е ист како и во случајот со претходниот претседател. Поддршката за иднината на Косово од САД е сто процентна“, тврди Тачи.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top