Тачи: Договорот ќе биде до крајот на годината

Претседателот на Косово Хашим Тачи кажа дека Приштина е спремна за дијалогот со белград и дека тој процес не би требало да се одложува..

Тој додаде дека верува дека договорот би можел да биде постигнат оваа година, пренесува Косово онлајн.

Тачи изјави дека би морало брзо да се тргне во таа насока за Косово да им се придружи на ЕУ и НАТО. Наведе дека е оптимист во поглед на тоа дека договорот со Србија ќе биде постигнат оваа година.

„Благодарен сум ѝ на владата која ги отстрани изговорите кои Србија ги користеше да го избегне дијалогот. Косово е јасно во она што го сака во дијалогот. Пред сѐ, Косово во овој процес е заедно со Соединетите Американски Држави и сите други сојузници. Мораме што побрзо да тргнеме во тој правец за да станеме дел од НАТО и ЕУ“, кажа Тачи.

Тој истакна дека внатрешното единство им ја олеснува работата на меѓународните партнери, додавајќи дека Косово е спремно и дека ќе работи на тоа да биде што поединствено и пообединето.

Додаде дека Косово ќе работи и на целосно спроведување на договорите потпишани претходно годинава.

„По одлуката на владата следеше позитивна реакција на САД. Парите за помош веднаш беа одблокирани. Треба да се носат важни одлуки. Царините и другите популистички одлуки им нанесоа штета на институциите и на имиџот на Косово“, наведе Тачи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top