ТАЧИ ДОЖИВЕА ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА пред Охрид, излетало возилото од патот

Тачи имал тешка сообраќајна несреќа пред Охрид, излетало возилото од патот.

Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи утринава имал тешка сообраќајна несреќа откако возилото во кое се возел излетало од патот на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром пренесува Експрес.мк.

Возилото во кое Тачи бил возен од друг возач од засега неразјаснети причини излетал од патот околу 8 часот изутрина.

Според очевидци на инцидентот кои го виделе возилото веднаш по сообраќајката и го препознале Тачи, и лидерот на ДПА која е дел од владеачката коалиција и неговиот возач немале потешки повреди.

ДПА и МВР засега не информираат за инцидентот во кој бил Тачи.

Тачи беше дел од сообраќајка и во 2012 година кога неговото возило настрада кај Гостивар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top