Тачи: Формирањето војска на Косово го поддржуваат 110 пратеници

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска го посети кампусот на Универзитетот за бизнис и технологија (УБТ) во општина Љипљан, каде што одржа предавање пред студентите и професорите во врска со актуелните случувања во Косово..

Косовскиот претседател за време на предавањето истакна дека трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во војска, ја поддржуваат 110 од 120 пратеници на Собранието на Косово, и дека освен 10 српски пратеници, сите заедници што живеат на Косово го поддржале формирањето на војската.

Тачи оцени дека пратениците на „Српската листа“ не смеат да гласаат поради притисокот од Белград. Тој повтори дека поради одбивањето на Србите да гласаат за уставните промени, иницирал да се направи трансформација на БСК во војска по пат на закон. Иако НАТО и САД се спротивставија на трансформирањето на БСК во војска со законски промени и инсистираат на уставни промени, Тачи порача дека процесот ќе биде во потполност координиран со меѓународните фактори.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top