Тачи го промени ставот, сега Приштина има услов за Белград

Косовскиот претседател Хашим Тачи отстапи од својот претходен став дека за наоѓање решение во дијалогот со Белград не би требало да има „црвени линии“..

Тој истакна дека Приштина, сепак, има свои услови, а тоа е дека завршната фаза од разговорот во Брисел треба да „резултира со историски обврзувачки договор за признавање на косовската независност“.

„За косовската страна постои јасна црвена линија, овој процес би требало да се заврши со конечен, историски договор, со кој Србија ќе ја признае државата Косово. Секој друг договот е безвреден. Значи, договорот ќе биде конечен и ќе имаме заемно признавање“, изјави Тачи во Качаник, пренесуваат косовските медиуми.

Тачи потврди дека следната рунда разговори во Брисел, кога ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, ќе биде одржана на 18 јули.

Претседателот на Косово ова го изјави откако беше жестоко критикуван од страна на опозицијата, по последната рунда на дијалогот во Брисел, дека „треба да се укинат црвените линии во разговорот со Србија“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top