Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во целиот регион

Тој ја поздрави одлуката, велејќи дека македонскиот Парламент вчера дал пример за единството на сите партии во корист на граѓаните и државата..

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени гласови за усвојување на иницијативата за уставни промени, со што се отвора патот за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија, оцени претседателот на Косово Хашим Тачи.

„Државата се зајакнува и интегрира кога се носат вистински одлуки во корист на народот и се надминуваат партиските интереси на сметка на државните. Република Косово се радува на оваа многу важна одлука на нашата соседна држава. Мирот и стабилноста во регионот се зајакнува само преку решителна потврда на евроатлантската ориентација и напорна работа за интегрирање во европското семејство“, напиша Тачи на Фејсбук.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top