ТАЧИ: МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ДОБРИ, НО СЕПАК ЗАГРИЖУВААТ МАЛУБРОЈНИТЕ ИНЦИДЕНТИ

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека Косово забележало виден напредок во градењето на добри меѓуетнички односи меѓу сите заедници на Косово, но дека „загрижуваат и оние малубројни етнички мотивирани инциденти“.

Тачи на својот официјален профил на Фејсбук вчера напиша дека „толеранцијата била, е и ќе остане доблест на косовското општество“ и порача дека така треба да биде и во деновите кога своите празници ги слават заедниците во Косово во текот на овој месец.

– Вознемирувачки се оние малубројни меѓуетнички инциденти кои се забележаа последниве денови. На таквото однесување треба веднаш да му застанеме на пат и да не дозволиме да стане прифатливо за нашето општество. Во месец јуни сите заедници во Косово слават и одбележуваат свои денови и датуми. Ова треба да се почитува од секого и да се осуди секој обид за попречување на нивното одбележување, порача Тачи.

Тој побара од надлежните иституции за ред и безбедност да посветат поголемо внимание и да ги преземат сите мерки за спречување на било каков инцидент при овие манифестации.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top