Тачи: Разговаравме со Хејл за моменталната ситуација во Косово и за дијалогот со Србија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави денес дека лидерите на Косово со американскиот потсекретар за политички прашања, Дејвид Хејл разговарале за актуелната ситуација во Косово..

Тачи на Фејсбук напиша дека со „посебен акцент“ разговараеле за дијалогот меѓу Косово и Србија, како и можноста за сеопфатен конечен договор кој ќе ги затвори сите отворени прашања меѓу тие две земји.

„Значи, правно обврзувачки договор што ќе доведе до меѓусебно признавање и седиште на Косово во Обединетите нации и ќе овозможи од состојба на постојано непријателство да прејдеме во состојба на мир, нормалност и соработка меѓу нашите земји“, напиша Тачи на Фејсбук.

Тој додаде дека Косово не се согласува со условувањето на официјален Белград и ја повтори посветеноста кон посеопфатен и транспарентен дијалог, за што Собранието на Косово усвои Платформа за дијалог.

Тачи му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за писмата во кои им даде поддршка за постигнување договор со кој се балансираат интересите на двете независни и суверени земји. „Но, исто така го изразивме ставот дека состојбата статус кво како и ситуацијата на замрзнат конфликт е неприфатливо за нас“, напиша Тачи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top